Израел води тајни преговори со Конго да прифати Палестинци од Газа кои сакаат да се преселат во оваа африканска држава

Израелската влада има намера со раселување на Палестинците од Појасот Газа по војната да го реши проблемот. Како што пишува „Тајмс оф Израел“, официјален Тел Авив на ова тема води тајни преговори со неколку земји. Една од земјите каде би прифатиле доброволно преселување на Палестинците е Конго. Африканската држава наводно веќе се согласила да прифатат илјадници „доброволни мигранти“ од Појасот Газа. Сепак, како што пишува изданието, Израел нема да се ограничи само на оваа земја. Во тек се преговори со уште неколку земји. Конкретно, Саудиска Арабија се смета меѓу можните места за преселување. -Конго ќе биде подготвен да прифати мигранти, а ние сме во преговори и со други држави. Нашиот проблем е да најдеме земји кои се подготвени да примат Палестинци од Газа, работиме на тоа, изјавил Нетанјаху на состанокот на партијата Ликуд. На овие планови за „доброволна миграција“ на Палестинците остро се противат САД, Франција и Германија. Според нив, иако се споменува Конго, западните земји стравуваат дека на крајот, најмногу од Палестинците ќе завршат во Европа.

Треба да знаете
Последни објави