Тасевски: Нема да дозволиме ништо да се случи на ниеден авион и патник

Првиот синдикалец на М-НАВ, Александар Тасевски по неговото повикување во полициска станица на информативен разговор, како и по денешниот упад на неканети партиски гости предводени од нивни колега вработен во претпријатието, во работните простории, каде бил нападнати физички тројца вработени, за невообичаените случувања како да се рашаваат проблемите порача: -Раководството покажа дека не се квалитетни ни како менаџери ни како лица што можат да обезбедат безбедност за своите вработени. Менаџментот не застана во одбрана ниту на своите вработени, ниту зад мене кога имав јавни закани по телефон. Што се однесува до безбедноста на македонското небо за одвивање на авиосообраќајот, Тасевски упати смирувачки тонови. -Како контролори на летање нема да дозволиме ништо да се случи на ниеден авион и патник. Во првиот момент кога ќе почуствуваме дека како контролори нема да можеме да ги бајпасираме сите недостатоци ќе бидеме први кои ќе кажеме СТОП и нема да има летање. Не поради штрајк, туку поради загрозување безбедноста.

Треба да знаете
Последни објави