Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Јапонија на 1 јануари се искачи на 94, а повеќе од 200 лица се водат како исчезнати.
Поради земјотресот евакуирани се околу 33 илјади луѓе.
Јапонската влада планира да искористи околу 28 милиони долари од резервниот фонд за да ги поттикне спасувачките напори, а бројот на војници кои учествуваат во спасувачките акции е двојно зголемен на 4.600.