Во сообраќајката на патот Гостивар – Кичево загинаа двајца возачи

Во сообраќајната несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, од повредите од сударот, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош“, информираа од СВР Тетово.

Во несреќата учествувале „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.

Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.

Треба да знаете
Последни објави