Во Турција со судска одлука денеска се приведени 15 лица и депортирани уште осум, за кои се тврди дека се поврзани со израелската разузнавачка служба Мосад. Овие лица според судската одлука ги таргетирале Палестинците што живеат во Турција, соопшти турската телевизија ТРТ Хабер.
Неделава во Турција се уапсени вкупно 34 лица. Турските власти го предупредија Израел за „сериозни последици“ доколку се обиде да нападне членови на милитантната група Хамас што живеат надвор од палестинските територии, вклучително и Турција, објави Ројтерс. Турција, за разлика од повеќето нејзини западни сојузници и некои арапски држави, не го смета Хамас за терористичка организација.