Два автобуси и камион се судрија во Турција, има загинати

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени утрово на автопат во Турција, во верижна сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси и камион.

Еден од автобусите изгубил контрола и ја предизвикал несреќата во селото Каракурт, во областа Сарикамиш, јавува телевизискиот канал НТВ.

На местото на несреќата се испратени голем број медицински, полициски и спасувачки екипи.

Треба да знаете
Последни објави