Европската унија го повика Тасевски да каже што се случува во М-НАВ

Првиот синдикалец на Контролата за летање, Александар Тасевски, денеска брифираше дека се јавил на повик на делегацијата на Европската Унија во Македонија за да ги информира за случувањата во македонската навигација. 

Според претседателот на синдикатот, кој го обелодени упадот во М-НАВ од страна на партиски насилници заради нестручни вработувања, делегацијата на ЕУ била целосно запознаена со сите случувања во М-НАВ.

„Имаме многу добро разбирање со институции кои функционираат на начин на кој сакаме и ние да функционираме. Жално е што ова одекнува насекаде, но имаме целосна поддршка. Ги информиравме сите синдикати во Европа, имаме поддршка, дури се организира и доаѓање овде, како поддршка“, рече Тасевски.

Тој додаде дека вработените од македонската навигација самите побарале да ги обезбедува МВР, а не некоја агенција за обезбедување, бидејќи тие покрај цивилните летови, ги контролираат и тие на полицијата, армијата, противпожарните итн.

„Бараме од МВР да ги лоцира, открие сите сторители на настанот, да покренат соодветни постапки, без разлика дали лицата биле вработени, соучесници во целиот овој процес или се лица кои упаднаа. Побаравме да се делегираат лица кои ќе бидат обезбедување на објектот, бидејќи очигледно службата за обезбедување не ни е функционална штом успеаја лица кои не се вработени да влезат во објектот, кажа Тасевски.

Додаде дека синдикатот е решен целосно да го затвори воздушниот простор над Македонија од 10 јануари, доколку Владата не си остане на своите одлуки донесени вчера.

Треба да знаете
Последни објави