Поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи и функционер на ДУИ Исмет Гури е недостапен за органите на прогонот, дознава 4NEWS.mk
Според наши информации при последна контрола од страна на полициска станица и полицајци Исмет Гури не бил пронајден на адресата пријавена за куќен притовор.
Тој послетно беше во куќен притвор, откако судот го ослободи од затвор поради потребите за редовно примање терапија.
Тој е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за кои обвинителството објави минатата година.
Осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.