Ковачевски влегува во бескомпромисна борба против самоволието и нелегалните вработувања во МНАВ

Вчерашната ескалација на ситуацијата во Македонската навигација (МНАВ) како да ја преполни чашата со трпение на премиерот Димитар Ковачевски.

Доцна синоќа Владата информираше дека на иницијатива на Ковачевски донесени се одлуки за итно разрешување на постоечката ситуација во МНАВ кои ќе бидат реализирани веќе на следната владина седница.

Веќе во вторник (09.01.20214) целото раководство и сите членови на Управниот одбор ќе бидат разрешени и ќе се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

Истовремено, се очекува, Ковачевски да го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај  да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Сето ова доаѓа откако вчера попладне неколку лица насилно влегле во објектот од кој се надгледува и осигурува безбедноста на авиосообраќајот над Македонија и физички нападнале контролори на летање, што според многумина адвокати овој чин може да се квалификува и како тероризам.

Треба да знаете
Последни објави