Министерката Тренчевска имала сообраќајка, повреден нејзиниот возач

Владино возило во кое било превезувана министерката за труд и социјална Јована Тренчевска политика учествувало во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш, а во несреќата повреден е нејзиниот возач.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 17:30 во близина на штипското село Лакавица, а во несреќата учествувале владината „шкода“ и патничко возило „фолксфаген пасат“ со швајцарски регистарски таблички кое го управувал 48-годишник од селото Мокриево, кај Ново село. 

Во владиното возило патувала Тренчевска и вработена во нејзиниот кабинет, Н.Д., а го управувал нејзиниот 53-годишен возач со иницијали Г.А.. Во „пасатот“ имало четворица сопатници. 

-Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. До сега не се пријавени повреди од друго лице. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител, велат од МВР.

Драги другари и другарки!
Попладнево, по завршување на службените активности во мојата родна Струмица, на патот кон Скопје, се случи сообраќајна незгода, по која сакам да ги информирам сите мои најблиски и граѓаните дека сите сме во добра состојба напиша Тренчевска.
Ви благодарам на сите за искрените повици, пораки и загриженост за нашата добросостојба.
Вечерва токму пред Бадник и големиот христијански празник Божиќ, чувствувам благодарност што Бог ме чуваше мене и мојот тим. Луѓето со кои го поминувам секој ден.

Ви посакувам мир и спокој овие денови.

Треба да знаете
Последни објави