Петровска: Компромис со безбедноста на патниците и безбедноста на македонското небо нема да има и не смее да има

Компромис за безбедноста на патниците  на македонското небо нема да има, порача денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска. 

„Предлогот за разрешување е бидејќи сакаме да ја испратиме пораката дека компромис со безбедноста на патниците и безбедноста на македонското небо нема да има и не смее да има. Истовремено, ги повикуваме и политичките партии и политичките движења во државата да не ги користат и да не ги злоупотребуваат ниту вработувањата ниту вработените во оваа институција за остварување на своја лична агенда. Она што е најважно за граѓаните и за јавноста е дека авиосообраќајот во РС. Македонија е безбеден и се одвива согласно правилата на „Еуроконтрол’“, вели Петровска.

Според неа, потфрлено е од страна на раководството во целта да се воспостави работен ред и дисциплина во институцијата.

„Случувањата во М-НАВ особено невозможноста да се воспостави работен ред и дисциплина во институцијата, како и немањето на соодветен дијалог помеѓу работодавците и Синдикатот, очигледно дека предизвикаа бранувања и во јавноста, но и во институциите. Претседателот на Владата, во консултација со мене како министер за одбрана и министерот за транспорт и врски, донесе одлука дека на следната седница, т.е. седницата во вторник на Владата ќе предложи разрешување на директорите и управниот одбор на М-НАВ“, додава Петровска.

Ова доаѓа откако Беким Незири, вработен во М-НАВ и седум други лица влегоа во контролата на летање и натепаа контролори.

Треба да знаете
Последни објави