Кадарот на Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој беше претседател на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Пештани, откако беше фатен како консумира кокаин во угостителски објект, сега е пријавен дека нападнал вработен во обложувалница.
А.Т. на 4 јануари во 22:50 часот со пура влегол во обложувалницата, а откако му било кажано дека во објектот не се пуши и дека треба да излезе тој почнал да негодува, да го навредува вработениот, по што го удрил со бокс во главата, се вели во билтенот на СВР Охрид.
Ова не е прв случај на А.Т., кој бил вработен како наставник во Пештани, да ги крши законите и да дава лош пример како просветен работник. Пред само еден месец тој беше фатен како консумира кокаин во дискотека во Охрид.
Тогаш медиумите објавија дека тој е близок човек на градоначалникот на Охрид Пецаков, но и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а последниот случај само го покажува вистинското лице на опозициската партија и нивните функционери кои се навикнати на криминал и кршење на законите.