Распишана потерница за Исмет Гури, кој денеска избегал од куќен притвор

По Исмет Гури функционер од ДУИ и поранешен заменик директор на УЈП е распишана потерница.

Ова за порталот „Скопје1“ го потврдила обвинителката Ивана Трајчева која го сомничи дека е дел од организирана шема за правење даночна измама. Потерницата е доставена од Кривичен суд до МВР, по што е почната потрагата по Гури.

При последна контрола од страна на полициска станица и полицајци Исмет Гури не бил пронајден на адресата пријавена за куќен притовор.

Тој е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за кои обвинителството објави минатата година.

Осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави