Се затвора македонското небо од среда, ако Владата не ги разреши директорите на М-НАВ

До затворање на македонскиот воздушен простор ќе дојде од среда, 10 јануари, ако директорите на М-НАВ не си поднесат оставки, или пак Владата не ги разреши на седницата најавена за во вторник каде на дневен ред ќе бидат верашните инцидентни сцени во контролата на летање. Ваков расплет најави првиот синдикалец на Контролорите за летање, Александар Тасевски, откако вчера ситуацијата кулминираше во физички пресметки кои ги предизвикаа неканети гости, активисти од ДУИ, кои на работните места нападнаа тројца контролори на летање !

-Нема ова да го правиме поради наши хирови, не поради некакви социјални барања, туку за да се даде максимален притисок да се задржи безбедноста на секој патник којшто ги користи услугите на воздухопловството во нашата држава, образложи Тасевски, откако на вонреден состанок каде е излезот од оваа новонастаната нималку пријатна ситуација.

Струковиот синдикат на контролори на летање доцна синоќа одржа вонреден состанок на кој биле донесени четири одлуки и барања. Една од нив е и дека Синдикатот в среда ќе стапи во штрајк доколку Владата не ги разреши директорите на М-НАВ, за кои сметаат дека се виновни што институцијата е доведена во ваква состојба.  

-Доколку директорите сепак не покажат доблест сами да си поднесат оставки од функциите, ја повикуваме Владата на првата наредна седница закажана за 09.01.2024 година да ги разреши сите директори и да отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, како почеток на смирување на сите тензии, но и овозможување на нормализација на сите процеси кои се неопходни за понатамошно нормално функционирање на македонската навигација. Во спротивно, ССКЛ најавува штрајк со затворање на воздушниот простор започнувајќи од 10.01.2024 сè до исполнување на сите наши барања,  напиша Тасевски на Фејсбук по состанокот.  

Треба да знаете
Последни објави