Таа е единствената оџачарка во Србија: „Луѓето се чудат кога ќе ме видат на терен“

Јасмина Диниќ сонувала да стане стјуардеса, но животот ја одвел во сосема друг правец и, како што вели, мисли дека тоа е судбина. Таа денеска е единствениот оџачар во Србија.

„Сè е запишано некаде, вклучително и кој што ќе прави“, рече Јасмина.

Инаку, поради околностите, избрала професија што ја прави единствена и препознатлива, а верува дека носи и среќа. Иако оваа работа важи за исклучиво машка, Јасмина е доказ дека не е така.

Со оваа работа се занимава 28 години, а во професијата го запознала и својот сопруг, со кој успешно ја води компанијата пред 13 години.

„Со сопругот  се запознав надвор од оваа работа, преку пријател. Тој е механичар и кога се запознавме, работеше во фирма, а потоа го запознав со оваа работа. Тој негодуваше долго време и не сакаше да прифати , но сега сме веќе 13 години заедно во тој бизнис“, вели Јасмина и додава дека се многу успешни во бизнисот, но и се горди родители на две ќерки.

Таа работи и како секретарка и менаџер во својата компанија, па ,како што вели, луѓето најмногу се изненадуваат кога ќе ја видат на терен.

Признава дека оваа работа е напорна и опасна.

„Ова е работа во која еден човек не би можел да работи сам. Луѓето знаат дека имаат одреден степен на недоверба кога ќе ме видат, но тоа бргу престанува. Ги смирувам со мојата работа и со големото знаење“, рече Јасмина во утринската програма на „Прва ТВ“.

Треба да знаете
Последни објави