Задоволството на германските граѓани од канцеларот Олаф Шолц падна на рекордно ниско ниво, јавува ДПА, повикувајќи се на најновите објавени резултати од истражувањето, според кои само 19 отсто од испитаниците го сакаат социјалдемократскиот шеф на владата.
Според истражувањето на јавното мислење АРД/Интратест, Шолц има еден процент помала поддршка од декември минатата година, што е најниска вредност во истражувањето на Инфратест за популарноста на федералниот канцелар од 1997 година.
Паднала и популарноста на министерот за економија и вицеканцелар Роберт Хабек од Партијата на зелените (24 отсто), што е за шест процентни поени помалку од декември лани.
Министерот за финансии Кристијан Линднер (ФДП) падна за четири отсто на 23 отсто, пренесува Еуроњуз.
Само 17 отсто од испитаниците се задоволни од владата, а 82 отсто се незадоволни, покажува истражувањето.