Ненаселениот остров Велики Шкољ се простира на 21.677 метри квадратни во заливот Малостон кај Дубровник, а агенцијата преку која се продава наведува дека е идеален за глампи, натуризам, свадби, приватни забави, тим билдинг, дегустација на остриги…
На островот има борова шума и камена куќа изградена пред 1968 година, а островот има и свој извор на вода за пиење. Секаква градба е сè уште забранета на островот, но ако регистрирате ОПГ, можно е да изградите уште една помала камена куќа и да засадите маслинки или некоја друга култура.
За купувањето треба да се издвојат три милиони и 250 илјади евра.
Кога станува збор за купување на остров во Хрватска, треба да се има предвид дека на повеќето од нив им е забрането да се гради бидејќи се шумско или земјоделско земјиште, а единствен исклучок е отворањето на економија, но и тогаш е можно на земјиштето да се градат само земјоделски објекти, односно подруми, складиште за овошје и зеленчук, оранжерии, штали и слично.
Исто така, доколку островот го купувате заради сопствена приватност, мора да бидете свесни дека не можете никому да му забраните да плива на плажите на островот, да пристапи до брегот или да плови во близина на островот, пишува Морски.хр.