Француските и јорданските воздухопловни сили фрлија седум тони итна хуманитарна и медицинска помош во Газа

Француските и јорданските воздухопловни сили фрлија седум тони итна хуманитарна и медицинска помош во теренската болница поставена во градот Кан Јунис во Газа, изјави денеска претставник на Елисејската палата.

Јордан и претходно испорача хуманитарна помош во Газа по воздушен пат, а за првпат Франција директно учествуваше во таква операција, иако досега по копнен пат до енклавата испорача околу 1.000 тони помош.

Официјален претставник на Франција потврди дека во операцијата која се одржа во четвртокот вечерта, учествувале француски и јордански авион.

Треба да знаете
Последни објави