Честит Бадник, секој дом да биде исполнет со здравје, благосостојба и просперитет, напиша на социјалните мрежи Митко Бојмацалиев, шеф на кабинетот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и иден дополнителен заменик министер во МВР.
„Нека светлината од бадниковиот оган ја расветли темнината и донесе нова надеж. Бадник е време кога се присетуваме на вистинските вредности на љубов, разбирање и солидарност.Ви посакувам благословена бадникова вечера, во кругот на вашите најмили, со срца исполнети со љубов и благодарност. За многу години“ стои во објавата на Бојмацалиев.