Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Истанбул, каде што тој и министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан разговараа за повеќе билатерални и регионални теми, вклучително и актуелната ситуација во Појасот Газа, процесот на турската ратификација за прием на Шведска во НАТО и одобрување на САД за купување на борбени авиони Ф-16 од Турција.
Средбата на двајцата министри, а потоа и средбата на пошироките делегации на двете земји се одржа во палатата Вахдетин во Истанбул и траеше околу два часа.
-На средбата министрите разговараа за војната и хуманитарната криза во Газа, процесот на пристапување на Шведска во НАТО, билатералните и регионалните прашања, соопшти турското МНР на „Х“.
Блинкен во Истанбул се сретна и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Турција е првата станица од повеќедневната турнеја на Блинкен, во чии рамки тој до 11 јануари ќе ги посети Грција, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Израел, Западниот Брег и Египет.