Во екот на Новогодишните и Божиќните празници на неколку локации низ Скопје осамнаа билборди од политичката партија ВМРО-Народна партија.
Но на билбордите нема политичка понуда, некаков нов слоган, туку има повик да се слуша македонска музика.
„Слушај македонска музика! Одбрани го македонскиот иденитет!“ е пораката што стои на билбордите на ВМРО-НП, чиј основач и почесен претседател е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.