Поранешниот функционер на ДУИ Исмет Гури не ги дочекал полицајците во својот дом кои дошле да го спроведат во „Шутка“. Полицајците кои вчера го посетиле неговиот дом не биле дојдени да проверат да ја почитува мерката домашен притвор, туку биле со решение од Кривичен суд да го вратат Гури во притвор во Шутка.
Според денешната информација лиферувана од Кривичниот суд, на Гури кој е еден од осомничените во истрагата против 15 лица кои се сомничени за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, од неодамна му била сменета мерката притвор во куќен притвор. По одлука на жалба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, донесено било решение тој пак да биде вратен во притвор во Шутка. Гури бараше да оди во куќен притвор поради нарушено здравје. Гури сега се наоѓа на централна и меѓународна потерница.