И во Охрид за големиот православен празник Божиќ ќе има бесплатен паркинг. ЈП “Билјанини Извори” донесе одлука, 07.01.2024 годин, недела, сите паркинг места со кои стопанисува јавното претпријатие да бидат бесплатни за корисниците во текот на целиот ден.
ЈП “Билјанини Извори” на сите православни верници им го честита големиот празник и им посакува многу здравје и бериќет, стои во соопштението.