Од експлозија во Рим се урна станбена зграда, извлечени три лица од урнатините

Од експлозија во Рим се урна станбена зграда, а пожарникарите успеаја да извлечат три лица од урнатините. Како што пренесува АНСА, зградата се срушила во населбата Канале Монтерано, а пожарникарите успеале да извлечат двојка и нивниот 18-годишен син надвор од урнатините и да ги одведат во локална болница. Инспекторите се обидуваат да утврдат што точно ја предизвикало експлозијата, а една претпоставка е дека таа е поврзана со истекување на гас. Според сведочењето на локалните жители, пред експлозијата се чувствувал мирис на гас во населбата Канале Монтерано.

Треба да знаете
Последни објави