Претрес во Охрид, приведено едно лице, пронајдена дрога

На 05.01.2024 во 17.05 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го привеле Ѓ.Ј.(53) од Охрид, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Треба да знаете
Последни објави