Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи го честиташе празникот Бадник на сите православни верници.
„На овој светол ден, Бадник, предвечерието на Божик, со топлина во срцата и радост во душите ги пречекуваме најсветлите моменти на заедништвото и традицијата.
Овој празник нè потсетува на важноста на семејните вредности, на заедницата и споделената надеж. Во овие свети моменти, да не заборавиме и на оние кои имаат потреба од подадена рака на солидарност и поддршка. Нека бадниковата вечер ни донесе обнова на христијанските вредности и обединување во заедничките стремежи за подобра иднина.
Со овие мисли, ви посакувам радосно и благословено празнување на Бадник. Нека светлината и радоста на празникот ве следат низ целата нова година“ се наведува во честитката на Спасовски.