Најмалку 122 Палестинци се убиени, а 256 се ранети во изминатите 24 часа во Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Вкупниот број на загинати во палестинска енклава од почетокот на судирите меѓу Хамас и Израел на 7 октомври, досега изнесува 22.722, а на ранетите се 58.166 лица.