Периодот на Новогодишните и Божиќните празници е период каде се посакуваат желби за иднината, но и се присетуваме на некои моменти од минатото, од младоста и детството.
За интервјуто за Женски магазин, директорката на Управата за јавни приходи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, сподели фотогорафии од нејзиното детство и нејзините прослави на Новогодишните и Божиќните празници.
Во интервјуто таа вели дека Бадник е ден кој целосно му го посветува на домот, на семејството.
„Тоа ми е ден во кој најбргу доаѓа вечерта. Со своите околу трпезата, и посното гравче е слатко. Има нешто посебно во таа вечер на скромност, во тоа исчекување. Да имате со кого да го вртите лепчето и да му се радувате на паричето како амајлија, е повеќе од празник“ рече Лукаревска, додавајќи дека искрено посакува подобра, попредвидлива и поспокојна 2024 година и дека верува во силата на доброто, во силата на разумот.