Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, соопштија од ЈП „Македонија пат“.
Како што информираат, по усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
-Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, соопштија од ЈП „Македонија пат“.