(Видео) На минус 30 степени зовриена вода фрлена во воздух веднаш замрзнува !

Рекордно ниските температури во Скандинавија ги инспирираа туристите да патуваат на Арктикот да испробаат трик што долго време ги интригирал. Фрлаат зовриена вода во воздухот кога надвор е екстремно студено и гледаат како се создава облак од ледена прашина.

Лаури Унтамо, 49-годишен менаџер од јужна Финска, кој бил на одмор во финска Лапонија со пријателите кога температурата паднала на минус 30 степени Целзиусови за време на новогодишните празници зоврил вода брзо ја извадил надвор и ја фрлил во облик на лак преку главата, водата веднаш се претворила во леден облак којшто исчезнал.

Нордиските земји забележаа екстремно студено време во изминатите неколку дена, со најниска температура во последните 25 години од минус 44,3 степени Целзиусови, забележана во петокот во Енотеки, посеверно на Арктикот од Пихатунтури каде престојуваше Унтамо.

Треба да знаете
Последни објави