Во Пула запален влезот во црква непосредно пред почетокот на утринската миса

Рано утринава се запалени вратите на црквата во Пула, Хрватска. Јавната противпожарна станица во Пула веднаш по избивањето на инцидентот добила дојава и пожарот го изгаснале од 7:41 до 08:25 часот. Во црквата во моментот немало никој, а на терен излегле едно противпожарно возило и четворица пожарникари, пренесува „Јутарњи“. Пред големата дрвена врата на главниот влез во црквата Пресвета Богородица биле поставени две запалени даски. Пожарот брзо се проширил на главната врата, но навреме бил изгаснат. Полициската истрага е во тек. Истарската полиција во текот на денот ќе спроведе истрага за да открие како бил подметнат пожарот. „Полицијата утринава околу 7 часот и 40 минути добила пријава за пожар на врата во црквата на улицата Јеретова. Во пожарот изгорела вратата, а внатрешноста на црквата била зафатена од чад. Полициски службеници во текот на денот ќе спроведат истрага за да се утврдат причините за пожарот“, информираат од Истарската полициска управа. Пожарот бил предизвикан непосредно пред утринската миса. Досега ваков вандалски чин во Пула не се случил.

Треба да знаете
Последни објави