Министерството за здравство во Појасот Газа, кое го води Хамас, денеска соопшти дека во израелски воздушен напад загинале двајца палестински новинари. Новинарите Хамза Дахдух, фоторепортер и син на шефот на бирото на Ал џезира во Газа, Ваел Дахдух и неговиот колега Мустафа Тураја беа убиени денеска во воздушен напад на јужниот дел од Појасот Газа. Според податоците на Комитетот за заштита на новинарите до крајот на минатата година најмалку 77 новинари, од кои 70 палестински, четворица израелски и тројца либански и медиумски работници се убиени од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа на 7 октомври.
