Десеткратниот победник од Мелбурн испрати честитка за Божиќ на кирилица

Првит светски тениски рекет, Србионот Новак Ѓоковиќ го слави Божиќ во далечната Австралија каде се подготвува за настап на првиот сезонски гренд-слем турнир во Мелбурн. На социјалните мрежи Ѓоковиќ напиша порака на кирилица и им посака убави празнични денови на сите. „Мир божји. Христос се роди. Среќен Божиќ“, напиша Ѓоковиќ. Објавата собра над 25.000 „лајкови“ за само десетина минути откако беше постирана. Симпатизерите на Ѓоковиќ му возвратија со честитки и убави желби и му посакаа да го крене пехарот на претстојниот турнир во Мелбурн, што ќе биде 25. гренд-слем трофеј во неговата кариера. Ѓоковиќ е десеткратен победник на АО во Мелбурн. Откако беше елиминиран од Јунајтед купот во Перт, Ѓоковиќ се „пресели“ во Мелбурн, каде се подготвува за стартот на Австарлија Опен. Она што ги загрижува неговите навивачи е повредата на зглобот која го мачеше во Перт. Поради повреда во Мелбурн нема да настапи Рафаел Надал. Ждрепката за костурот со противниците ќе биде направена на 11 јануари.

Треба да знаете
Последни објави