На граничен премин уапсен нападнатиот во М-НАВ зад чие име имало активна мерка „апси“

Вработен во М-НАВ, 39 годишниот П.Б од Скопје, бил лишен од слобода синоќа нешто по 20 часот на граничниот премин Долно Блаце на излез од земјава. Според информациите од МВР, при стандардната пасошка проверка и контрола, било констатирано дека во компјутерскиот систем, до неговото име стои активна мерка „апси“.

Лицето било спроведено во полициска станица. Станува збор за лице вработено во М-НАВ кое било нападнато пред два дена во зградата на контролата на летање. По инцидентот, ова лице исчезнува, и не било достапно за органите на правдата да даде исказ за самиот инцидент. Поради тоа, МВР во соработка со Обвинителството во нивниот оперативен систем ставаат дознака дека ова лице се бара, а при неговиот обид синоќа да ја напушти државата, е приведено.

-На 06.01.2024 во 20.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, бил лишен од слобода П.Б.(39) од Скопје. Имено, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ по чл.303 ст.2 од Кривичниот законик. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, стои во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, откако со ова лице е извршен информативен разговор, тоа е пуштено на слобода, но со напомена, да биде достапен за понатамошната истрага за инцидентот во контролата на летање.

Треба да знаете
Последни објави