Спасовски и Арсовска честитаа, а Мицкоски на сред Божиќ пред Соборниот храм тераше политика

По завршување на свечената Божиќна литургија, изјави за медиуми дадоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Спасовски и Арсовска го честитаа големиот христијански празник и одбија да одговорат на прашања поврзани со дневно политички настани со образложение дека денес е ден за празнување, а не за политика.

За разлика од нив, Мицкоски остана да одговора на прашања позврзани со актуелни политички настани.

„Ова требаше да биде ден кога го славиме Христовото рождество, но очигледно е дека секојдневните скандали што се случуваат не не одбегнуваат да разговараме на оваа тема. Секој ден имате нов скандал што кулминираше со она дивеење на онаа бандитска криминална група што упадна во просториите на Македонска навигација и она партиско октроирано обвинителство и судство коешто тоа го помина како небаре да станува збор за некој кој позајмил десеттина ќебапчиња од ќебапчилница“ порача Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави