ФАА приземји 171 патнички авиони „Боинг 737-9 Mакс“ по инцидентот на „Алјаска ерлајнс“

Федералната воздухопловна администрација на САД (ФАА) нареди приземјување на 171 патнички авиони „Боинг 737 Макс 9“ низ целиот свет по инцидентот за време на лет на еден од авионите на „Алјаска ерлајнс“, пренесува Би-Би-Си. Потребни се итни проверки на авионите, а тиа како што се наведува, ќе траат од 4 до 8 часа по авион. Поради ова илјадници патници се соочуваат со откажување на летовите. Големите авиокомпании приземјиjа десетици авиони „боинг“ откако отпадна дел од трупот на авион среде летот над Орегон. Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ ги приземји сите 79 од своите авиони „мaкс 9“. Многу други авиокомпании кои исто така имаат ваков тип авиони привремено ги исфрлија од употреба.„Боинг“ соопшти дека ја поздравува одлуката на ФАА, додавајќи дека нивните тимови се во контакт со регулаторот. За време на петочниот инцидент, летот 1282 на „Алјаска ерлајнс“ од Портланд, Орегон, до Онтарио, Калифорнија, достигна 4.876 метри висина кога започна вонредно спуштање, според податоците за следење на летот. Патниците во авионот изјавија дека голем дел од надворешната обвивка на авионот паднал на земја веднаш по полетувањето.

Треба да знаете
Последни објави