Во Македонија опаѓа бројот на заразени со Ковид 19, а расте бројот на заболени со грип

Во Македонија опаѓа бројот на заразени со Ковид 19, а расте бројот на заболени со грип или заболувања слични на грип. Во соседството расте бројот на заразени со Ковид-19, кај нас бројот на позитивни случаи на бележи тренд на опаѓање – информира Злате Мехмедовиќ од комисијата за заразни болести. Според него, ако бројот на заразени во октомври бил околу 530, во месец ноември тој бил преполовен односно пријавени биле 229 случаи. Најмногу заболени има во Скопје и Охрид, а Мехмедовиќ потенцира дека најзафатена од вирусот е старосната група над 65 години. Од таа причина тој апелира оваа група на граѓани да се вакцинира или да ја прими дополниителната бустер доза. Во однос на хоспитализираните случаи, Мехмедовиќ вели дека тие се со полесни симптоми. Во Македонија расте бројот на заболени со грип или заболувања слични на грип. Според податоците на Комисијата за заразни болести во последната недела од 2023 година, во земјава биле пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, односно за 96,6% повеќе во однос на претпоследната недела од годината, што е во рамките за овој период од годината. Во соседството се влошува епидемиолошката состојба. Албанскиот институт за јавно здравје соопшти дека се пријавуваат над 11.000 случаи на респираторни инфекции неделно, а расте и бројот на заразени со Ковид. Слична ситуација има и во Грција.

Треба да знаете
Последни објави