Хрватски третолигаш продаде играч за 5,2 милиони евра на бундеслигаш

Хрватскиот фудбалски третолигаш Кустошија од Загреб го продаде својот 17-годишен играч од средниот ред Дино Клапија на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг. Германскиот клуб за фудбалерот ќе плати 5,2 милиони евра, а Кустошија ќе има право и на 10 отсто од можниот следен трансфер. Новинарот Фабрицио Романо тврди дека Клапија веќе ги помина лекарските прегледи. Клапија во Кустошија пристигнал во март минатата година од клубот Њујорк кој е филијала на актуелниот европскиот и англискиот првак Манчестер сити. Покрај РБ Лајпциг за него интерес покажале уште и Арсенал, Борусија Дортмунд и Динамо Загреб. Клапија е роден во САД во декември 2003 година но веќе заиграл за У-17 на Хрватска чиј селектор е Роберт Јарни. Играше и за репрезентацијата на САД до 16 години.

Треба да знаете
Последни објави