Почина легендарниот – Франц Бекенбауер!

Легендарниот германски фудбалер и тренер Франц Бекенбауер – „Кајзер“ денеска на 78 годишна возраст ја загуби животната битка по долго боледување. Тажната вест ја обелодени неговата сопруга:

-Со најдлабока тага соопштувам дека мојот сопруг и нашиот татко, Франц Бекенбауер, вчера почина мирно во сон, опкружен со своето семејство. Семејството сака да тагува во тишина и бара сите да се воздржат од било какво поставување на прашања“, се вели во објавата на сопругата за смртта на Франц Бекенбеуер.

Франц Бекенбауер важеше за една од најголемите легенди во фудбалот. Тој е еден од деветте играчи кои освоиле Светско првенство, Европско првенство и Златна Топка. Тој е еден од тројцата кои освоиле Светско првенство како фудбалер и како тренер.

Во Баерн Минхен помина 13 години од фудбалската кариера, потоа се пресели во Њујорк Космос каде играше три години, се врати во Германија, во тимот на Хамбургер, но кариерата ја заврши во Њујорк Космос.

Како тренер шест години беше селектор на Германија, а го водеше и Баерн Минхен.

Треба да знаете
Последни објави