Пред почетокот на подготовките за пролетниот дел мод фудбалската сезона во Македонија, чаирскиот прволигаш Шкупи се раздели со четворица свои играчи: Куевен, Нилтињо, Хоџиќ и Абази. Чаирскиот клуб ја потврди информацијата за завршената соработка и најави ангажирање на нови засилувања. Договорот на Куевен истече со крајот на декември, тој како слободен играч го напушта клубот, додека со Нилтињо, Хоџиќ и Абази постигнат е спогодбен раскин на договорите.
