Славниот аргентински фудбалски репрезентативец Езекиел Лавеци, поранешен играч на Естудијантес, Наполи, Пари Сен Жермен, поминува тежок период во својот живот, откако по втор пат за кратко време заврши во болница.
Пред 20 дена сопствениот брат го избоде со нож за време на забава во Уругвај. Денеска 38-годишникот повторно заврши во болница, овојпат поради предозирање. -Има симптоми на предозирање откако имал низа семејни проблеми. Неговите најблиски мора да направат нешто, објави новинарот Луис Вентура. Поддршка за Лавеци во болницата е само неговата девојка Натали Боргес, додека неговиот син преку социјалните мрежи се обиде да ја демантира оваа информација, пишувајќи дека тоа се „измислени работи“.