Нетанјаху: Израел нема намера до војува со Хезболах, но ако е потребно подготвен е и за тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе стори се што е потребно за да ја врати безбедноста на северот од Израел по неодамнешната размена на оган со Хезболах на границата со Либан, пренесува Би-би-си.

Зборувајќи со војниците стационирани на северната граница на Израел, Нетанјаху порачал дека неговата влада ќе направи се за да им дозволи на семејствата безбедно да се вратат дома. Нетанјаху порачал дека израеските одбранбени сили нема да војуваат со либанскиот екстремистички Хезболах, но во случај тоа да е потребно, неговата земја е подготвена и за тоа. -Хезболах многу погрешно не разбра во 2006 година, па дури и сега многу погрешно не разбираат, изави Нетанјаху. По должината на либанско-израелската граница изминатиот период се интензивираа судирите меѓу екстремистите на Хезболах поддржани од Иран и израелската армија. Во израелски напад врз јужен Либан денеска убиен е висок командант од елитната единица на Хезболах, пренесува Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави