Габриел Атал (34) е именуван за премиер на Франција, објави телевизијата Бе Еф Ем. Францускиот претседател Емануел Макрон Макрон денеска го избра својот близок соработник Атал за премиерската функција, објави и Радио Ер Те Ел. Досега Атал беше министер за образование. Шефот на државата вчера ја прифати оставката на премиерката Елизабет Борн, која беше на функција од мај 2022 година.
