Владата препорача нови директори во М-НАВ, штрајкот ставен во мирување додека Надзорниот одбор да ја спроведе препораката

Владата на денешната седница одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да разреши двајца од тројца директори. Од директорските позиции ќе заминат Фахрудин Хамиди кој до сега ја извршуваше функција- извршен директор и Љубе Стаменковски кој беше на позицијата секторски- технички директор. Во владината препорака до Надзорниот одбор е наведено дека на нивно место треба да се назначат Илир Мехмети и Милан Кораќ. Според владиното соопштение само директорот Хасим Деари ќе ја задржи својата функција финансиски директор, кој на оваа позиција е ставен пред осум месеци. Стаменковски беше еден од директорите кој најави оставка поради проблемите и несоодветните вработување во М-НАВ.

Првиот синдикалец Александар Тасевски најави дека откако ќе ја добијат официјално одлуката на Владата, најавениот штрајк за утре ќе го стават во мирување во исчекување Надзорниот одбор на М-НАВ да ја спроведе во целост владината препорака.

Треба да знаете
Последни објави