Кривичниот суд најверојатно утре ќе одлучува по жалбата на ОЈО за неодредувањето мерки притвор на четворицата приведени лица за упадот на 4 јануари во просторите од котролната кула од М-НАВ. По уште четири лица кои се недостапни за полицијата се трага. Од судот информираат дека добиената жалба ја препратиле кај адвокатите на осомничените кои треба да се поизнесат до претпладневните часови. Рокот истекува утре, кога и најверојатно ќе се знае дали Кривичен ќе ја потврди првичната одлука или ќе ја преиначи. Од Обвинителството велат дека во жалбата ги приложиле сите докази. Според нив постои реална опасност тие да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и да го повторат делото, односно се задржале на она што е предмет на оваа фаза на постапката односно обезбедување на осомничените. Покрај тоа образложиле и зошто изрекувањето на мерки на претпазливост од страна на судот е неосновано.
