Секое воздржување од кивање може да предизвика сериозна повреда на грлото, покажуваат медицинските наоди на болницата Нинсвил во шкотскиот град Данди, објавени во научното списание BMJ, пишува Гардијан.
Како предупредувачки пример, лекарите го наведуваат случајот на маж кој додека се обидувал да го спречи нападот на кивање, создал пукнатина во душникот.
Нагласено е дека ваквите оштетувања, предизвикани од спречување на кивање, можат да бидат опасни по живот бидејќи може да доведат до задушување, а во ретки случаи до пукање на мозочните капилари и крварење.
Се наведува дека ваквите повреди не се вообичаени, но дека може да настанат, особено кога кивавицата се држи во неколку последователни прилики.
Лекарите од болницата Нинсвил, пишува Гардијан, советуваат слободно и без ограничување да кивате бидејќи тоа е природен начин телото да ги исфрли надразнувачите од носните канали.