Народен лек кој за кратко ќе „ви го симне“ холестеролот

Овој рецепт е осмислен да помогне во процесот на намалување на холестеролот и мастите во краток временски период. Дури и некои медицински лица го препорачуваат, особено на луѓе кои покрај високи масти имаат и висок к рвен притисок.

Сите состојки од овој напиток се многу здрави и му помагаат на телото да се изборат со низа болести, а заедно во комбинација претставуваат одлично помошно средство за намалување на мас-ните наслаги.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 литри филтрирана вода, 2 китки магдонос, 3 лимони, сода бикарбона по потреба. Во овој рецепт сода бикарбоната не се става во напитокот, но од исклучителна важност е за чистење на кората лимоните (и магдоносот, доколку не е органски).

ПОСТАПКА: Во еден поголем сад ставете ги лимоните и прелијте ги со вода, така да бидат покриени. Потоа одозгора наросете една супена лажица сода бикарбона и промешајте за да се раствори во водата.

Постапка: Во тенџере на оган ставете две литри вода. Откако ќе зоврие, тргнете го тенџерето на страна и во него додајте еден ситно исечкан лимон, заедно со кората. Поклопете и оставете така да се лади.

Кога течноста ќе биде топла, но не врела, додајте го магдоносот, претходно убаво измиен и ситно исечкан, како и другите два лимони, исто така исечкани на тркалца или поситни парчиња и од кои сте ги отстраниле семките.

Оставете го напитокот целосно да се олади до собна температура, а потоа ставете го во фрижидер да отстои 24 часа. Следниот ден смесата процедете ја добро низ двослојна газа и истискајте колку што можете за да излезе целиот сок.

Напитокот складирајте го во чисти и суви стаклени шишиња, претходно стерилизирани, со добра вакуумска тапа и чувајте во фрижидер. Секое утро пијте по 100 мл од напитокот, на гладен стомак. После 15 дена направете пауза од 5 дена и повторете ја постапката уште еднаш.

Треба да знаете
Последни објави