Николовски: Преку стабилизирање на цената на електричната енергија се усогласуваме со препораките на Европската комисија

„Мерките и политиките се носат на принцип кој најмногу ги почитува, односно кој најмногу штеди тој најмногу и добива. Целта е да се продолжи во таа насока. Впрочем, ги споменав бенефитите од евтината дневна тарифа. Тие се бенефити од веќе спроведени политики во енергетската транзиција. Граѓаните сега ќе имаат можност во делот на евтината тарифа, оние коишто најмногу штедат и да ги сетираат своите електрични апарати“, изјави Дарио Николовски директор на Агенција за енергетика во утринска програма на Слободен Печат.

Тој додаде дека има коментари во однос на тоа кој ќе биде најзадоволен од овие мерки, поточно пензионерите, но тие според Николовски ја имаат создадено оваа држава и дадено придонес во неа.

„Во периодот во којшто се наоѓаме, а тоа е зимскиот период, свесни сме дека сите трошоци се зголемени, свесни сме дека ако сакаме да го заштитиме стандардот, тогаш мораме да ги субвенционираме сите критични категории. Ние тоа го направивме, но од друга страна заради се она коешто го спроведовме во делот на енергетиката преку инвестициите, а тоа е веќе видливо со очи каде човекот и да се движи низ државата, сметам дека ќе се создаде можност преку стабилизирање на цената на електричната енергија да се усогласиме со препораките на Европската комисија за коишто во делот во којшто измина добивме и пофалби дека успешно сме изменаџирале“, потенцираше Николовски.

Тој додаде зад нас била сериозна енергетска криза во којашто успешно е докажано дека граѓаните треба да бидат сигурни и да им веруваат на институциите.

„Ќе сумирам, се она што е спроведено во делот на енергетиката дава резултати, така и ќе продолжиме“, посочи директорот на Агенцијата за енергетика.

Тој смета дека енергетиката не познава политика, во самите одлуки нема политика и истите се со цел државата во енергетска смисла се придвижи кон западноевропските држави.

„Имаме за 150% раст на инсталиран капацитет споредбено 2023 со 2022 година, со обновливи извори на енергија. Обновливите извори на енергија не треба само да ги гледаме како стабилизирање на цената на струјата, туку треба да ги гледаме како чист извор на енергија затоа што сме свесни за загаденоста на воздухот. Овие обвновливи извори на енергија влијаат на заштита на животната средина“, заклучи Николовски.

Треба да знаете
Последни објави