Објавена причината за смртта на Шинејд О’Конор

Шинејд О’Конор почина од природна смрт, беше официјално објавено денеска.

Познатата пејачка (56) била пронајдена мртва во својот стан во Југоисточен Лондон. Детективите ја потврдија ненадејната смрт, која не ја третираа како сомнителна, а денеска беше објавено дека таа починала од природна смрт, пренесува Дејли Мејл.

Шинејд има издадено 10 студиски албуми, додека нејзината песна „Nothing Compares to You“ беше прогласена за број еден сингл од Billboard Music Awards во 1990 година.

На почетокот на оваа година, таа ја освои наградата Irish Album Classic на RTE Music Awards.

Публиката одговори со овации додека ја примаше наградата за нејзиниот втор албум „I Do Not Want What I Haven’t Got“, кој го посвети, како што рече тогаш, на „секој член на ирската бегалска заедница“.

Таа го прифати исламот во 2018 година и го промени своето име во Шухада Садакат, иако продолжи да настапува под името што го доби при раѓањето.

Шинејд ги објави своите мемоари „Спомени“ во 2021 година, додека минатата година филм за нејзиниот живот беше режиран од Кетрин Фергусон.

Во 1992 година, таа ја искина фотографијата на папата Јован Павле Втори во „Saturday Night Live“ во знак на протест против сексуалната злоупотреба на децата во Католичката црква. Таа рече „Борете се со вистинскиот непријател“ и фрли делови од фотографијата пред камерите.

Зад неа останаа нејзините три деца. Нејзиниот син Шејн почина минатата година на 17-годишна возраст.

Треба да знаете
Последни објави