Починатиот работник на свињарската фарма во светиниколското с. Амзабегово немал респираторна заштита, утврдиле инспекторите на Државниот инспекторат за труд.
До несреќата дошло кога починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува салата со дупката, во која се симнал за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од салата, каде и починал. Неговиот колега сакал да му помогне, но бил повлечен од страна на други колеги. Како што наведуваат од Клиниката за токсикологија, тој има оштетување на мозокот и по компјутерската томографија ќе се знае колкави ќе бидат последиците. Вториот работник, кој во моментот на несреќата се обидел да му помогне на својот колега, се затрул од токсичните гасови и веднаш е пренесен на Клиниката за токсикологија. Според првичните медицински наоди, се здобил со оштетувања на мозокот, не препознава никого, го загубил говорот и манифестира неартикулирани движења. Потенцијалните мозочни оштетувања ќе се знаат по утрешната компјутерска томографија.